Tortijada.mk

Tortijada.mk

Празниците се ближат и веќе треба да размислуваме со каков десерт ќе ги заблажиме домашните и гостите. А за ладните денови чоколадо во комбинација со рум секогаш е добра идеја :) 

Потребно за пандишпанот

10 белки

10 лажици шеќер

12 лажици мелени ореви 

2 лажици брашно

1 пециво

Потребно за филот

10 жолчки

250 гр шеќер

100 гр чоколадо

200 гр маргарин

1-2 лажици рум

100 гр сецкани ореви или лешници

 

Подготовка

Белките ги матиме во цврст снег и постепено го додаваме шеќерот за добро да се изработи. Потоа се додаваат мелените ореви и брашното измешано со пецивото. Добро се меша и се истура во плех од фурна претходно обложен со хартија за печење.  Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути. Испечената кора, откако ќе се излади, се сече на 3 ленти.

За филот, жолчките ги изработуваме со шеќерот и потоа ги вариме во 100тина мл млеко на тивка температура да се добие смеса како пудинг. При крај се додава 1 чоколадо за готвење и добро се меша да се изедначи.

Го изработуваме маргаринот и потоа го доизработуваме со изладената смеса од жолчки и ги додаваме иссецканите ореви/лешници и румот. Добро мешаме да се добие хомогена смеса.

Редиме кора, фил, кора, фил и на крај кора.  Тортата ја декорираме со чоколадна глазура.

 

Винодонија 2016 е настан организиран од група вински консултанти, судии и ентузијасти, под покровителство на Здружението на сомелиери на Република Македонија, кој ќе се одржи во хотелот Мериот на 11-ти и 12-ти ноември 2016 година.  

Ваков настан се случува за прв пат во земјава и е од големо значење за понатамошниот развој на винската индустрија во Република Македонија, имајќи предвид дека виното станува сé попопуларен пијалок во изминативе неколку години. 

Македонија, со своите географски предиспозиции, е една од поконкурентните земји во оваа индустрија во регионот, па и пошироко.

Повеќе информации на следниов линк www.vinodonia.mk 

 

 

 

Со задоволство би сакале да Ве информираме дека од 18 и 19 октомври 2016, во Скопје во организација на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК , членка на WACS – World Association of Chefs Socities (Светската асоцијација на шефови на кујни) се реализира меѓународен гастрономски натпревар.

Натпреварувачкиот дел се случувaше во Хала 4 на Скопскиот саем во двата работни дена на 18 и 19 октомври од 08:00 до 20:00 часот.

Македонските гастрономи беа домаќини на 200 гости, меѓународни судии и натпреварувачи од повеќе земји меѓу кои сите земји од регионотБугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Италија, Романија, Швајцарија, Словачка, Шведска,како и гости од Турција, Израел и Египет.

На натпреварот “Македонија 2016”, членот на ГАСТРО МАК Игор Атанасов од ресторанот "Фурна" беше најуспешниот Македонец на натпреварот со освоено највисоко одличје:

- GRANDPRIX – (Гранд при)наградата во категоријата Национално јадење на модерен начин го осви шеф Игор Атанасов- шеф на кујна во ресторанот “Фурна”.

- GRANDPRIX – (Гранд при)во категорија пилешко индивидуално сениори освои Милош Јовановиќ- шеф на кујна во ресторан “Мали врабац на Скадарлија во Белград

- GRANDPRIX – (Гранд при) во категорија риба – индивидуално сениори освои Ивица Алексов од Словенија

- GRANDPRIX – (Гранд при) во екипно јуниорска категорија освои тимот на ХОРЕКА Асоцијација Крагујевац, Србија

- GRANDPRIX – (Гранд при) во јуниорска категорија риба – поединечно освои Ермалд Тото од Албанија

- GRANDPRIX – (Гранд при) во јуниорска категорија тестенини – поединечно освои Никола Младеновиќ од Високата угостителска школа во Лесковец, Србија

 Од здружението на готвачи ГАСТРО МАК, организаторот на Првиот меѓународен гастрономски натпревар во Македонија, се задоволни од заинтересираноста на средните угостителски училишта и факултетите за туризам и гастрономија кои пријавија свои екипи и постигнаа извонреден успех што секако представува  поттик за понатамошен поголем ангажман во изучувањето на дисциплините во туризмот и гастрономијата.

За над 200 те гости учесници на натпреварот беа организирани програми за прошетка и запознавање на знаменитостите на главниот град што за многумина беше првото доаѓање во Република Македонија.

Паралерно во двата натпреварувачки дена во Халата 4 на Скопскиот саем,  за посетителите се одвиваше и ревијален дел со многу работилници и готвења во живо од познати шефови на кујни и од неколку популарни готвачи аматери меѓу кои г-ѓа Светлана Цеца Димовска која изработуваше декорации со каривинг техника од тикви и други овошја и зеленчуци за кои гостите во салата покажаа особена љубопитност. Се разбира штандот на кој готвачите од ресторанот при “Етно село Тимчевски“ – Куманово ги подготвуваа домашно месените пити и баници беше еден од најпосетените особено од гостите од странство.

Македонска национална трпеза уште еднаш го оправда епитетот на високо позиционираните кујни во светот на гастрономијата.

 

Скоро и да нема дете што не сака чоколаден пудинг и бисквити, особено во комбинација едно со друго. Барем на мене како дете омилена ужинка ми беа искршени бисквити прелеани со чоколаден пудинг. Токму како навраќање кон детските спомени, предложувам да ја направите бисквит тортата која не само што е брза, туку е и превкусна.

Што ви е потребно:

1 пакетче бисквити или некаде околу 300 гр
1 литар млеко, од кои 900 мл за пудинг-филот и 100 мл за чоколадниот прелив
+ околу 200-300 мл млеко за да се потопат бисквитите
9 лажици шеќер 
3 пудинга од чоколадо (или ако сакате друг вкус)
1 чоколадо за готвење 
малку маргарин
 

Подготовка:

Пудингот се меша со шеќерот и околу 300 мл млеко, убаво за да не останат грутки. Се истура во останатото млеко (од 900-те милилитри) и се вари како за обичен пудинг. Потоа на четвртасто плехче се реди еден ред бисквити, кои претходно еден по еден се потопуваат во млеко, па еден ред пудинг и се' така да се добијат 3 реда бисквити. На крај се прелива со чоколаден прелив од чоколадо, малку маргарин и млеко.

По желба се декорира со мелени ореви.

Заб. Доколку ја правите бисквит тортата со ванила пудинг, повкусно е да се стави шлаг пена наместо чоколаден прелив. 

 

Со задоволство би сакале да Ве информираме дека од 17-20 октомври 2016, во Скопје во организација на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК , членка на WACS – World Association of Chefs Socities (Светската асоцијација на шефови на кујни) ќе се реализира меѓународен гастрономски натпревар.

Најинтересната работа со благите работи е тоа што и кога нема да ти испадне како по оригиналниот рецепт (или ги немаш точно истите состојки), сепак може да се пренамени во некоја верзија на оригиналниот или дури и да се измисли нов рецепт. Така испадна и со чоколадниот ролат на Ана Угаркович кој од ролат стана чоколадни тортички :)

Потребно за основата (пандишпанот) на тортичките:

1 лажица Нескафе
85 мл вода
100 гр чоколадо за готвење
100 гр 70% чоколадо
4 јајца
120 гр шеќер
 

За декорација: 

200 мл слатка павлака
1 ванила
ијагоди по потреба, некаде 300-500 гр, иссецкани на мали коцки
 

Подготовка:

На тивок оган го мешаме Нескафето со водата за да се раствори, ги додаваме двата вида на чоколадото иссечкани ситно или изрендани на покрупно. Откако ќе се растопат добро, ги тргаме настрана да се изладат.

Посебно се матата белките и жолчките со по 60 гр шеќер. Изматените жолчки ги мешаме со разладеното чоколадо и се додаваат изматените белки. Полека се мешаат и се стават на плех обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. 

Испечениот пандишпан го покриваме со влажна крпа и го оставаме да се излади додека да ја изматиме слатката павлака. По желба може да се додаде 1 ванила за засилување на вкусот на слатката павлака. Потоа се сече на кругови, секој се филува со слатка павлака, се редат јагоди, се поклопува со друг круг и се повторува постапката. Останатото тесто може да се собере и да се натапка во модлите и така да се искористи за добивање на повеќе тортички. Се добиваат некаде околу 15-20 тортички кои се превкусни, но по една ќе ви биде доволна :)

 

 

 

Состојки за белиот пандишпан:

7 белки
7 лажици шеќер
1 пакетче ванилин шеќер
2 лажици зејтин
6 лажици брашно
½ пакетче прашок за пециво

 

Состојки за темниот пандишпан:

7 жолчки
7 лажици шеќер
2 лажици зејтин
2 лажици какао
7 лажици млеко
6 лажици брашно
½ пакетче прашок за пециво

 

Фил:

1,2 литри млеко
2 пудинга од ванила
12 лажици шеќер
250 гр маргарин

 

Чоколадна глазура:

200 гр чоколадо за готвење
200 мл слатка павлака

500 гр вишни

 

Подготовка:

Првин го подготвуваме темниот (чоколаден) пандишпан. Ги изработуваме жолчките со шеќерот и потоа ги додаваме останатите состојки. Печиме во загреана рерна на 180 степени околу 20-тина минути. Кога ќе го ставиме темниот пандишпан да се пече, започнуваме со подготовка на светлиот пандишпан. Ги изработуваме белките со шеќерот и ванилиниот шеќер, па ги додаваме останатите состоки. Доколку темниот пандишпан има направено како коричка го истураме светлиот пандишпан и печиме уште 15-тина минути.

Јас печев во правоаголно тавче нешто помало од плехот од фурната.

Вишните, доколку се замрзнати ги одмрзнуваме, ги оставаме да пуштат сок. По желба во вишните можете да ставите 1 лажица рум.

Откако ќе се испечи пандишпанот, го преобрнуваме и рамномерно го нанесуваме сокот на црниот дел и потоа го враќаме во првобитната положба.

За филот, најпрвин го подготвуваме пудингот и го оставаме да се излади, а потоа изладен го изработуваме со омекнатиот маргарин. Јас во смесата ставив и една ванила.

Ги редиме вишните врз светлиот дел на пандишпанот, а потоа ги премачкуваме со филот.

Оставете ја тортата неколку минути во фрижидер или подобро замрзнувач.

Подгответе го чоколадниот прелив и истурете го врз изладената торта. Пожелно е некое време пак да се стави во фрижидер пред да се служи.

 

Рецептот е подготвен според оној на Rani-mraz со мали измени. 

Во саботата (21 февруари 2016) се одржа "Вешта жена" во Кочани. Благодарност до нашата членка Марија Заова за фотографиите од настанот.

Пoтребнo:

100 гр урми
100 гр смoкви
250 гр сувo грoзје
250 гр бисквити
250 гр желе бoмбoни
250 гр oреви
250 гр шеќер вo прaв
1 лимoн
200 гр чoкoлaдo зa гoтвење
рум и мед

 

Пoдгoтoвкa:

Урмите, смoквите, oревите, желе бoмбoните и сувoтo грoзје се сецкaaт ситнo. Бисквитите се кршaт нa пoситни пaрчињa и рендaме кoрa oд 1 лимoн. Сите сoстoјки се мешaт и се дoдaвa шеќерoт вo прaв, рaстoпенoтo чoкoлaдo зa гoтвење, 1-2 лaжици мед и 1-2 лaжици рум. Се' дoбрo се мешa и се прaви рoлaт. Се виткa вo прoвиднa фoлијa и се oстaвa дa се суши нa сoбнa темперaтурa некoлку чaсa. Се прелевa сo глaзурa oд 100 гр чoкoлaдo зa гoтвење, 50 гр мaргaрин и oкoлу 100 мл млекo. Се стaвa вo фрижидер дa се стегне.

 

Пoтребнo:

1 пaкувaње oблaнди
1/2 л млекo
1/2 кг шеќер
250 гр мaргaрин + 50 гр зa глaзурaтa
2 чoкoлaдa зa гoтвење
300 гр мелени бисквити
100 гр мелени oреви (или лешници)

 

Пoдгoтoвкa:

350 мл млекo се мешa сo 500 гр шеќер и се стaвa нa тивoк oгaн. Мaлку прoвривa и се дoдaвa 1 мaргaрин и 100 гр чoкoлaдo зa гoтвење. Се мешa дa се рaстoпи и се тргa нaстрaнa. Се дoдaвaaт бисквитите и oревите. Се мешa и дoдекa е тoплo се мaчкaaт oблaндите врз рaпaвиoт дел.  

Oблaндите се прелевaaт сo глaзурa oд 100 гр чoкoлaдo, 50 гр мaргaрин и oкoлу 100 мл млекo.

Сoвет: Пред дa јa стaвите глaзурaтa, зa дa мoжете пoдoбрo дa ги сечете штaнглите, стaвете нештo пoтешкo врз oблaндaтa и стaвете јa вo фрижидер некoј чaс. Пo стaвaњетo нa глaзурaтa мoжете дa јa стaвите уште 1 чaс зa дoбрo дa се стегне.