Вие сте овде:Колачиња и слатки»Ванилици

Ванилици

Оценете го овој рецепт
(16 гласови)

Најубавата страна на правењето ванилици е што не бараат премногу време, поубави се наредниот ден, значи може да стојат повеќе дена и не губат на вкус кога ќе се замрзнат, па одмрзнат. Така секогаш имате нешто благо во фрижидерот и кога ќе ви дојдат ненајавени гости.

Потребно:

3 жолчки и 1 цело јајце
50 гр шеќер
250 гр маст или маргарин (на собна температура), може и по пола
1/2 пециво
изрендана кора од 1 лимон
1 ванила
500 гр брашно
мармалад

Подготовка: 

Ги изработуваме јајцата со шеќерот, ванилата и маста/маргаринот. Може и претходно да го изработите маргаринот па да го додадете. Ја додаваме кората од лимон и замесуваме тесто со брашното и пецивото. Го оставаме тестото да постои 10-тина минути. Ја размесуваме кората и со модли правиме фигури. Може да направиме и полнети ванилици или во форма на мини-кифлички. Правиме кружни форми во тестото, им ставаме на средина фил или мармалад, ги спојуваме сите краеви да се добие топче или едниот круг го преклопуваме со друг и ги спојуваме краевите.

Се печат на 180 степени околу 20 минути.

Испечените ванилици се лепат со мармалад и се увалуват во шеќер во прав. 

Останато во оваа категорија: « Пециво со јагоди Oблaнди »

Внеси коментар

Ве молиме Вашиот коментар да биде краток и јасен и да биде поврзан само со содржините на сајтот.Ве замолуваме да користите кирилична поддршка.
Цензурираните зборови се појават како:: ***.
Повеќе информации за тортите можете да добиете преку профилот на слаткарот во менито Слаткари/Слаткарници.


Безбедносен код
Освежи