Вие сте овде:Непечени торти»Бисквит торта

Бисквит торта

Оценете го овој рецепт
(12 гласови)
1 пакетче бисквити
1 литар млеко
9 лажици шеќер
3 пудинга од ванила

Подготовка:

Во 900 мл млеко се ставаат 9 лажици шеќер. Се остава да се свари. Настрана 3 пудинга од ванила се мешаат со малку млеко, колку да се добие смеса без грутки. Откако ќе зоврие млекото се додава пудингот и се вари додека да се згусни, но не премногу.

Потоа во четвртасто плехче се реди еден ред бисквити малку потопени во млеко, да не бидат меки само натопени во млекото. Се мачкаат со пудингот, потоа се реди нов ред на бисквити, само сега во спротивна насока и се' така до 3 реда. На крај, за декорација, можете да ја премачкате тортата со шлаг пена или чоколаден прелив. 

Оставете ја 2-3 часа во фрижидер и уживајте.

Рецептот е испратен од Јулијана Стојановска

Останато во оваа категорија: « Кремаста торта Непечни ролати »

Коментари  

0 #1 jamidudmchsj 2015-09-24 17:34
Оваа торта баба ми ја прави и е многу вкусна и лесна за правење, отсекогаш сакав да го дознаам рецептот но секој пат заборавав да ја прашам...
И сега го знам!!!!!
Фала премногу!
Пријави до администраторот

Внеси коментар

Ве молиме Вашиот коментар да биде краток и јасен и да биде поврзан само со содржините на сајтот.Ве замолуваме да користите кирилична поддршка.
Цензурираните зборови се појават како:: ***.
Повеќе информации за тортите можете да добиете преку профилот на слаткарот во менито Слаткари/Слаткарници.


Безбедносен код
Освежи