Вие сте овде:Посни торти и колачи»Посна торта со џем

Посна торта со џем

Оценете го овој рецепт
(37 гласови)

Лесна за правење и јадење посна торта со џем и ореви.

Мерка за подготовка на оваа торта е шолја за кафе

5 шолји брашно

5 шолји шеќер

5 шолји млака вода

2 шолји гриз

1 пециво

2 шолји масло

2 полни лажици џем

2 шолји сецкани ореви

Во млака вода се растворува шеќерот, се додава маслото, џемот и се додаваат сите суви состојки: брашното, гриз, пециво и на крај оревите. Се меша со лажица и се сипува во подмачкано тавче бр. 30 посолено со брашно.

Се остава да отстои 1 час и потоа се пече на 150 степени околу 45 мин.   

Кога е печено се премачкува со тенок слој на џем и се посолува со мелени ореви

Добар апетит 

Испратено од Фроси. 

Останато во оваа категорија: « Посна баклава со мах Салама од смокви »

Коментари  

0 #1 ubavotijana 2013-08-16 09:16
mnogu ubavo bravo za taa sto go prigotvila :lol:
Пријави до администраторот

Внеси коментар

Ве молиме Вашиот коментар да биде краток и јасен и да биде поврзан само со содржините на сајтот.Ве замолуваме да користите кирилична поддршка.
Цензурираните зборови се појават како:: ***.
Повеќе информации за тортите можете да добиете преку профилот на слаткарот во менито Слаткари/Слаткарници.


Безбедносен код
Освежи