Слаткари и слаткарници

Почитувани слаткари/слаткарници, 

Добредојдовте на сајтот Tortijada.mk создаден за презентација на Вашата работа и прекрасни ремек дела претворени во превкусни торти, слатки и колачи.

Регистрацијата на сајтот е бесплатна , едноставна и не трае повеќе од 5 минути. За да се регистрирате едноставно клинете на менито Регистрација на слаткари веднаш под менито Слаткари/Слаткарници. 

Во полето Име внесете го името на слаткарницата или слаткарот, доколку сте физичко лице.  При внесувањето на податоците Ве молиме користете кирилична поддршка (Shift+Alt), освен во полињата : e-mail, Веб сајт, Лозинка и Потврди лозинка.

По кликнувањето на копчето Регистрирајте се на Вашиот e-mail ќе пристигне порака со понатамошни информации за активација на Вашата корисничка сметка.  Откако ќе се активирате како Корисник, надоцна во рок од 24 часа (доколку барањето е испратено во текот на работното време, ќе бидете активирани веднаш или најмногу за 1 час) ќе добиете пристап до формуларот за внесување на фотографии од Вашите торти и останати слатки производи.  Ве молиме внесувајте фотографии само од тортите кои Вие ги имате изработено, вклучувајќи име, опис/состав и цена.

Втората активација од администраторот и давањето на пристап до формуларот за внесување на фотографии е неопходна за заштита на членовите – слаткари и слаткарници- и спречување на несоодветни зачленувања и креирање на профили од посетителите кои не се дел од слаткарската индустрија и кои не подготвуваат десерти и закачуваат нивни фотографии.  На тој начин и вие како членови сте заштитени и претствени во вистинско светло и на ударна позиција.

Благодариме на разбирањето.

 

Најавување на профилот

По активирањето на профилот од страна на администраторот на Tortijada.mk, се најавувате со корисничкото име и лозинка внесени при регистрацијата со кликнување на менито Најава на слаткари кое се наоѓа под менито Слаткари/слаткарници.  До Вашиот профил можете да пристапите преку менито Профил на слаткар кое се наоѓа под менито Слаткари/слаткарници. До профилот се пристапува и преку корисничкото опаѓачкото мени горе десно.

 

Внесување на фотографии и опис

Внесувањето на фотографиите од Вашите торти, колачи или слатки се врши преку менито Внесете фотографии, кое е подмени на менито Слаткари/слаткарници или преку корисничкото мени горе десно. Внесените фотографии не треба да бидат поголеми од 2 MB и треба да се во .jpg формат.  Во спротивно нема да бидат закачени. (Сепак, за оптимално внесување на фотографијата се препорачува да не е поголема од 1.5 MB). По закачувањето на фотографиите, можете да ги прегледате закачените фотографии во делот Мои фотографии преку кој можете да вршите измени на Вашите фотографии. Ве замолуваме при уредувањето на фотографиите, за полесно пребарување, да внесувате и наслов на латиница.

За сите останати прашања Ве молиме да нù пишете со кликнување на менито Контакт.

 

Со почит,

Tortijada.mk