Вие сте овде:Слаткарски смеси и совети»Како да подготвите фондан

Како да подготвите фондан

Оценете го овој рецепт
(8 гласови)

Домашен рецепт за подготoвка на фондан. Се подготвува едноставно и дава додатен вкус на тортите, колачињата и капкејсите.

Потребни состојки:

1 ќесичка желатин во прав
50 мл ладна вода (за желатинот)
20 мл вода (за фруктозата)
100 гр фруктоза или декстроза
1 лажица глицерин
900 гр шеќер во прав

Желатинот полијте го со 50 мл ладна вода и оставете го да нарасне. Фруктозата или декстрозата ставете ги во сад за готвење и полијте ја со 20 мл ладна вода. Ставете ја на рингла за да се истопи и цело време мешајте. Нека врие 20-30 секунди и додајте една голема лажица глицерин и надигнатиот желатин. Се' заедно измешајте.

Во сад ставете 500-600 гр шеќер во прав и постепено додавајте ја растопената смеса. Измешајте. Во вака добиената смеса додаваме уште шеќер во прав. Постепено додавајте шеќер во прав, убаво изработете и префрлете го на работна површина. Додадете го останатиот шеќер во прав и изработете го фонданот. 

Готовиот фондан оставете го да отстои 30 минути на работната површина, потоа ставете го во пластична фолија и чувајте го на собна површина. Најдобро е да се искористи во рок од 7-10 дена. Ваквиот фондан најдобро се обојува со гел-бои, но доколку користите прехранбени бои претходно додадете им малку вода или алкохол.  

 

 

Коментари  

0 #46 RE: Како да подготвите фонданTortijada.mk 2013-11-10 15:12
Почитувани,
Прашањето не беше одговрено веднаш затоа што доколку ги прочитате останатите коментари ќе видите дека прашањето за глицеринот беше одговрено неколку пати. Можете да го купите во аптеките само кажете дека ви е за фондан. Ние го набавуваме од Зегин и е некои 70ден. Досега не сме имале никаков проблем со овој глицерин.
Пријави до администраторот
0 #45 глицеринТина 2013-11-07 09:15
Јас се извинувам но морам да прашам, зошто не одговарате на прашањето за гицеринот, неколку пати ве прашаа.Еве и мене ме интересира каков глицерин и од каде да се купи.Благодарам и поздрав
Пријави до администраторот
0 #44 gockagoce 2013-06-03 15:35
kade da najdam glicerin vi blagodaram odnapred
Пријави до администраторот
0 #43 fondanveki 2013-05-20 20:11
me interesira dali glicerinot sto se stava vo fondanot e toj na fito farm za nadvoresna upotreba
Пријави до администраторот
-4 #42 RE: Како да подготвите фонданgabi velickovska 2013-01-26 01:44
staviv 1 kilogram seker vo prav i pak mi se lepi sto da pravam
Пријави до администраторот

Внеси коментар

Ве молиме Вашиот коментар да биде краток и јасен и да биде поврзан само со содржините на сајтот.Ве замолуваме да користите кирилична поддршка.
Цензурираните зборови се појават како:: ***.
Повеќе информации за тортите можете да добиете преку профилот на слаткарот во менито Слаткари/Слаткарници.


Безбедносен код
Освежи