Што е Tortijada.mk?

Што е Tortijada.mk?

Tortijada.mk не е слаткарница, не е компанија за производство на слатки, не е САМО сајт за споделување на рецепти и фотографии од прекрасни ремек дела преточени во торти.

Што е тогаш?

Tortijada.mk е веб портал на кој слаткарската индустрија (слаткарници и слаткари-поединци), креирајќи сопствен профил и внесувајќи фотографии од СОПСТВЕНИТЕ торти, колачи и останати слатки задоволства, можат да се претстават самите себе си и својот божествен талент-изработка на торти и колачи!

На сајтот свое катче имаат и посетителите кои исто така можат да креираат профил и да внесуваат омилени фотографии и рецепти во профилот, можат да праќаат рецепти, да гласаат за омилен производител, омилена торта, да станат наши Facebook пријатели и да коментираат на целосната содржина внесена на сајтот.

Слаткарниците и слаткарите-поединци можат да креираат профил со кликнување на подменито Регистрација на слаткари веднаш под менито Слаткари/слаткарници. Целосното упатство за креирањето на профилот и внесувањето на менито ќе го најдете доколку кликнете на менито Како да се регистрирам?

Посетителите можат да креираат корисничка сметка со кликнување на менито Зачлени се, во горниот десен дел на сајтот.

Поздрав и уживајте во миговите поминати на Tortijada.mk !!!

 

Внеси коментар

Ве молиме Вашиот коментар да биде краток и јасен и да биде поврзан само со содржините на сајтот.Ве замолуваме да користите кирилична поддршка.
Цензурираните зборови се појават како:: ***.
Повеќе информации за тортите можете да добиете преку профилот на слаткарот во менито Слаткари/Слаткарници.


Безбедносен код
Освежи