Вие сте овде:Торти и колачи»Ананас торта

Ананас торта

Оценете го овој рецепт
(15 гласови)

Пандишпан: 8 јајца, 8 лажици шеќер, 8 лаж брашно, 100 гр солени излупени бадеми.

Фил: 250 мл млеко, 200 гр шеќер, 5 жолчки, 3 лаж брашно, 250 гр маргарин, конзерва ананас од 500 гр.

Подготовка на пандипанот:

8 белки изработуваме со 8 лаж шеќер, постепено се додават посебно изматените жолчки,  на крај и просеаното брашно и мелените бадеми. Внимателно се меша и се става да се пече во округло тавче.

Подготовка на филот:

Млекото и шеќерот се стават да зовријат, во меѓувреме се матат жолчките и се мешат со брашното.  Смесата постепено се додава со мешање во зовриеното млеко. Се вари густ крем и се трга настрана да се излади. Се изработува маргаринот и се меша со претходно подготвената смеса за да се добие кремаст фил.

Пандишпанот се  дели на 3 дела и се секој дел се полева со малку сок од ананас.  Го филуваме пандишпанот, редиме ананас, пандишпан и сė така до последната кора. Се декорира по желба со преостанатиот фил или шлаг пена/крем.

Останато во оваа категорија: « Пита со јаболки Тигар торта »

Внеси коментар

Ве молиме Вашиот коментар да биде краток и јасен и да биде поврзан само со содржините на сајтот.Ве замолуваме да користите кирилична поддршка.
Цензурираните зборови се појават како:: ***.
Повеќе информации за тортите можете да добиете преку профилот на слаткарот во менито Слаткари/Слаткарници.


Безбедносен код
Освежи