Вие сте овде:Торти и колачи»Дунавски бранови

Дунавски бранови

Оценете го овој рецепт
(10 гласови)

 

 

 

Состојки за белиот пандишпан:

7 белки
7 лажици шеќер
1 пакетче ванилин шеќер
2 лажици зејтин
6 лажици брашно
½ пакетче прашок за пециво

 

Состојки за темниот пандишпан:

7 жолчки
7 лажици шеќер
2 лажици зејтин
2 лажици какао
7 лажици млеко
6 лажици брашно
½ пакетче прашок за пециво

 

Фил:

1,2 литри млеко
2 пудинга од ванила
12 лажици шеќер
250 гр маргарин

 

Чоколадна глазура:

200 гр чоколадо за готвење
200 мл слатка павлака

500 гр вишни

 

Подготовка:

Првин го подготвуваме темниот (чоколаден) пандишпан. Ги изработуваме жолчките со шеќерот и потоа ги додаваме останатите состојки. Печиме во загреана рерна на 180 степени околу 20-тина минути. Кога ќе го ставиме темниот пандишпан да се пече, започнуваме со подготовка на светлиот пандишпан. Ги изработуваме белките со шеќерот и ванилиниот шеќер, па ги додаваме останатите состоки. Доколку темниот пандишпан има направено како коричка го истураме светлиот пандишпан и печиме уште 15-тина минути.

Јас печев во правоаголно тавче нешто помало од плехот од фурната.

Вишните, доколку се замрзнати ги одмрзнуваме, ги оставаме да пуштат сок. По желба во вишните можете да ставите 1 лажица рум.

Откако ќе се испечи пандишпанот, го преобрнуваме и рамномерно го нанесуваме сокот на црниот дел и потоа го враќаме во првобитната положба.

За филот, најпрвин го подготвуваме пудингот и го оставаме да се излади, а потоа изладен го изработуваме со омекнатиот маргарин. Јас во смесата ставив и една ванила.

Ги редиме вишните врз светлиот дел на пандишпанот, а потоа ги премачкуваме со филот.

Оставете ја тортата неколку минути во фрижидер или подобро замрзнувач.

Подгответе го чоколадниот прелив и истурете го врз изладената торта. Пожелно е некое време пак да се стави во фрижидер пред да се служи.

 

Рецептот е подготвен според оној на Rani-mraz со мали измени. 

Внеси коментар

Ве молиме Вашиот коментар да биде краток и јасен и да биде поврзан само со содржините на сајтот.Ве замолуваме да користите кирилична поддршка.
Цензурираните зборови се појават како:: ***.
Повеќе информации за тортите можете да добиете преку профилот на слаткарот во менито Слаткари/Слаткарници.


Безбедносен код
Освежи