Вие сте овде:Торти и колачи»Чоколадни тортички со јагоди

Чоколадни тортички со јагоди

Оценете го овој рецепт
(8 гласови)

Најинтересната работа со благите работи е тоа што и кога нема да ти испадне како по оригиналниот рецепт (или ги немаш точно истите состојки), сепак може да се пренамени во некоја верзија на оригиналниот или дури и да се измисли нов рецепт. Така испадна и со чоколадниот ролат на Ана Угаркович кој од ролат стана чоколадни тортички :)

Потребно за основата (пандишпанот) на тортичките:

1 лажица Нескафе
85 мл вода
100 гр чоколадо за готвење
100 гр 70% чоколадо
4 јајца
120 гр шеќер
 

За декорација: 

200 мл слатка павлака
1 ванила
ијагоди по потреба, некаде 300-500 гр, иссецкани на мали коцки
 

Подготовка:

На тивок оган го мешаме Нескафето со водата за да се раствори, ги додаваме двата вида на чоколадото иссечкани ситно или изрендани на покрупно. Откако ќе се растопат добро, ги тргаме настрана да се изладат.

Посебно се матата белките и жолчките со по 60 гр шеќер. Изматените жолчки ги мешаме со разладеното чоколадо и се додаваат изматените белки. Полека се мешаат и се стават на плех обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. 

Испечениот пандишпан го покриваме со влажна крпа и го оставаме да се излади додека да ја изматиме слатката павлака. По желба може да се додаде 1 ванила за засилување на вкусот на слатката павлака. Потоа се сече на кругови, секој се филува со слатка павлака, се редат јагоди, се поклопува со друг круг и се повторува постапката. Останатото тесто може да се собере и да се натапка во модлите и така да се искористи за добивање на повеќе тортички. Се добиваат некаде околу 15-20 тортички кои се превкусни, но по една ќе ви биде доволна :)

Останато во оваа категорија: « Дунавски бранови Бисквит торта »

Внеси коментар

Ве молиме Вашиот коментар да биде краток и јасен и да биде поврзан само со содржините на сајтот.Ве замолуваме да користите кирилична поддршка.
Цензурираните зборови се појават како:: ***.
Повеќе информации за тортите можете да добиете преку профилот на слаткарот во менито Слаткари/Слаткарници.


Безбедносен код
Освежи