Вие сте овде:Торти и колачи»Бисквит торта

Бисквит торта

Оценете го овој рецепт
(17 гласови)

Скоро и да нема дете што не сака чоколаден пудинг и бисквити, особено во комбинација едно со друго. Барем на мене како дете омилена ужинка ми беа искршени бисквити прелеани со чоколаден пудинг. Токму како навраќање кон детските спомени, предложувам да ја направите бисквит тортата која не само што е брза, туку е и превкусна.

Што ви е потребно:

1 пакетче бисквити или некаде околу 300 гр
1 литар млеко, од кои 900 мл за пудинг-филот и 100 мл за чоколадниот прелив
+ околу 200-300 мл млеко за да се потопат бисквитите
9 лажици шеќер 
3 пудинга од чоколадо (или ако сакате друг вкус)
1 чоколадо за готвење 
малку маргарин
 

Подготовка:

Пудингот се меша со шеќерот и околу 300 мл млеко, убаво за да не останат грутки. Се истура во останатото млеко (од 900-те милилитри) и се вари како за обичен пудинг. Потоа на четвртасто плехче се реди еден ред бисквити, кои претходно еден по еден се потопуваат во млеко, па еден ред пудинг и се' така да се добијат 3 реда бисквити. На крај се прелива со чоколаден прелив од чоколадо, малку маргарин и млеко.

По желба се декорира со мелени ореви.

Заб. Доколку ја правите бисквит тортата со ванила пудинг, повкусно е да се стави шлаг пена наместо чоколаден прелив. 

 

Внеси коментар

Ве молиме Вашиот коментар да биде краток и јасен и да биде поврзан само со содржините на сајтот.Ве замолуваме да користите кирилична поддршка.
Цензурираните зборови се појават како:: ***.
Повеќе информации за тортите можете да добиете преку профилот на слаткарот во менито Слаткари/Слаткарници.


Безбедносен код
Освежи