Најава на посетители
Посетители
Почетна Македонски блакца Тулумби (на тетовски начин)
Тулумби (на тетовски начин)

Состојки: 

300 гр. брашно
300 гр. вода
50 гр. маст
6 јајца
1 кгр. и 200 гр. шеќер
1 литар вода
малку сок од лимон
масло

Од 1 литар вода и 1 кг. и 200 гр. шеќер сварете го најпрво шербетот и тоа да биде поryст и ставете во него сок од лимон. Ставете ја водата на оган со маста да зоврие и постепено додавајте го брашното. Откако зоврие убаво, тргнете го од оган и оставете го малку да се олади. Потоа додавајте ги едно по едно сите јајца и месете додека не добиете мазно тесто. Ставете го маслото на оган да се загрее и низ шприц за тулумби спуштајте ги тулумбите во маслото да се испржат. Готовите тулумби вадете ги со решеткаста лажица и веднаш ставајте ги во шербетот. Провалкајте ги од сите страни во шербетот и редете ги во поголема чинија.

 

Коментари 

 
+3 # TulumbiEmily 2011-06-22 16:03
Zdravo, me interesira dali namesto 50 g mast moze da se upotrebi 50 g. puter. Ima li nekoja dr. recept za tulumbi?!
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај | Извештај до администраторот
 
 
0 # RE: TulumbiTortijada.mk 2011-06-23 15:58
Овие тулумби се по традиционален тетовски рецепт, за да се задржи автентичноста на вкусот најдобро е да се користи маст. Ќе објавиме и други рецепти за тулумби. Проверувајте го сајтот,постојан о се внесуваат нови рецепти
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај | Извештај до администраторот
 

Оставете коментар

Ве молиме Вашиот коментар да биде краток и јасен и да биде поврзан само со содржините на сајтот.
Одредени зборови можно е да бидат цензурирани од администраторите. Ако вашето мислење содржи цензурирани зборови , тие ќе се појават како:: ***.


Безбедносен код
Освежи